Јувентус со победата над Парма од 2-1 е сѐ поблиску до нова шампионска титула во Сериа А. На осум кола до крајот Јувентус има 14 бода предност пред Рома, која има натпревар помалку. Двоен стрелец за „старата дама“ беше Карлос Тевез во 25. и во 32. минута. Единствениот гол за Парма беше дело на Молинаро во второто полувреме во 62. минута. По дадениот гол, Парма беше десеткувана по добивањето на црвениот картон на Амаури.
Милан со головите на Балотели и на Мексес, конечно, победи. Жртва на „росонерите“ беше Фиорентина, која се бори за висок пласман во Италија и за излез во Европа следната сезона.
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими играше до 70. минута за својот тим Калјари и му помогна за победа над Верона од 1-0. Стрелец беше Нене во 31. минута. Калјари со оваа победа е сѐ подалеку од зоната за испаѓање и, најверојатно, Агим Ибраими и во следната година ќе го гледаме во најсилното друштво.
Горан Пандев ги преседе сите 90 минути на клупата за резервни играчи во победата на неговиот тим Наполи на гостувањето кај Катанија од 4-2. Наполи уште во првиот дел ги постигна сите четири гола и рутински во вториот дел го приведе мечот до крај иако прими два за да го направи најефиксен мечот ова коло во Италија.
Резултати: Аталанта – Ливорно 2-0, Калјари – Верона 1-0, Катанија – Наполи 2-4, Киево – Болоња 3-0, Фиорентина – Милан 0-2, Џенова – Лацио 2-0, Јувентус – Парма 2-1, Сасуоло – Сампдорија 1-2, Рома – Торино 2-1.
Денеска се игра мечот Интер – Удинезе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.