| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз на Атланта и повреда за Антиќ, дербито на Истокот ѝ припадна на Индијана

Голема тензија имаше синоќа на мечот на двете најдобро пласирани екипи во источната конференција, дербито на крајот и припадна на Индијана со резултат 84-83, иако Мајами имаше шут за победа, но обидот на Крис Бош заврши далеку од обрачот.

Пол Џорџ беше најефикасен играч на Индијана со 23 поени и 8 скока, додека Рој Хиберт постигна 21 поен. Кај Хит стандардно, најдобар беше Леброн Џејмс со 38 поени.

Атланта го забележаа четвртиот пораз во низа, откако загубија од Минесота со убедливи 107-83. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ имаше скромен учинок од само 3 поени и 4 скокови за нешто повеќе од 15 минути поминати на паркетот, погодувајќи една тројка од четири обиди.

Антиќ на овој натпревар заработи бизарна повреда откако при обид за шут за три поени, при доскокот згазна на стапалото на својот тренер и ги шина зглобот. Неговиот настап на вечерашниот дуел против Портланд е неизвесен.

Њу Орлеанс Пеликанс на домашен терен го победија Лос Анџелес Клиперс со резултат 98-96. Најзаслужен за победата беше Ентони Моро кој натпреварот го заврши со 27 поени.  Кај Клиперс Џамал Крафорд уфрли 31 поен, додека Блејк Грифин постигна 21 поен.

Резултати: Шарлот -Бруклин 116:111(пр), Вашингтон – Феникс 93:99, Бостон -Торонто 90:99, Детроит – Кливленд 96:97, Индијана – Мајами 84:83, Минесота – Атланта 107:83, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 98:96, Сан Антонио – Денвер 108:103, Сакраменто – Њујорк 99:107, Јута – Мемфис 87:91.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top