Фудбалерите на Ливерпул и на Вест Хем со резултат 2-1 ги совладаа Сандерленд и Хал во рамките на 29. коло во Премиер-лигата.
Ливерпул продолжи со одличните резултати оваа сезона и на „Енфилд“ го совладаа Сандерленд со 2-1. Џерард во 39. минута постигна гол и ги донесе „црвените“ во водство од 1-0, а со овој резултат заминаа на паузата.
Само три минути игра во вториот дел му беа доволни на Даниел Стариџ да ја затресе мрежата на Сандерленд и да ја зголеми предноста на Ливерпул на 2-0.
Гостите на овој натпревар успеаја да постигнат почесен погодок и да го ублажат поразот во 76. минута преку Сунг Јунг Ки.
Тимот од Лондон Вест Хем на домашен терен беше сигурен и со идентичен резултат од 2-1 ја совлада екипата на Хал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


