
Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, денеска ќе одржи митинг во Прилеп и во Битола, а ќе ги посети и Долнени, Кривогаштани и Крушево.
СДСМ и нивниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, ќе одржат митинг во Гостивар, а средби со граѓани ќе имаат во Центар Жупа, Дебар, Маврово-Ростуше и во Врашчиште.
Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, ќе ја претстави својата платформа на митинг во ТЦ „Бисер“ во скопската општина Аеродром.
Митинг во Желино ќе одржи ДПА, која ќе го претстави претседателскиот кандидат Илијаз Халими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


