| четврток, 6 декември 2018 |

Љубчо Георгиевски – носител на листата во третата изборна единица

ljubcogeorgievski

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, ќе биде носител на листата во третата изборна единица. Оваа партија денеска ги претстави носителите на шесте изборни единици во земјата за претстојните предвремени парламентарни избори.
Носител во првата изборна едница ќе биде Слободан Близнаковски, поранешен градоначалник на општина Чаир и поранешен советник од ВМРО-НП во Советот на град Скопје. Носител во втората изборна единица е Љупчо Балкоски, генерален секретар на партијата и поранешен министер за транспорт и врски.
Носител во изборната единица бр.4 ќе биде Ристо Пецев, правник од Струмица и член на ИК на партијата. Во изборната единица бр.5 носител ќе биде Ванчо Костоски, актуелен претседател на општинскиот комитет во Охрид. Носител во шестата изборна единица ќе биде Горан Лотески, актуелен претседател на општинскиот комитет во Гостивар.
Изборната конвенција на ВМРО-НП ќе се одржи на 6 април во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top