| четврток, 6 декември 2018 |

Комерцијална банка прокнижи нето-добивка од 78,9 милиони денари

komercijalna-banka

Комерцијална банка 2013 година ја заокружи со нето-добивка во висина од 78,9 милиони денари, стои во соопштението на Банката, по одржаното редовно Годишно собрание.

Во соопштението се наведува дека акционерите потврдиле дека Банката ја завршила 2013 година со бруто-добивка во износ од 88,6 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 9,7 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 78,9 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 78,9 милиони денари и одлучија добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2013 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2014 година и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top