| четврток, 6 декември 2018 |

За љубов на земјата Украинките бојкотираат секс со Руси и руски производи

украински бојкот

Во Украина се спроведува бојкот на сите руски производи, а некои Украинки ја поддржуваат и паролата „Не давајте им на Русите“. На овој начин Украинките решиле да дадат поддршка на својата земја додека трае руската агресија, пишува „Телеграф“.

Освен сексуален бојкот, во Украина се спроведува и кампања да не се купуваат руски производи и на тој начин сакаат да ја сменат агресивната политика на Владимир Путин.

Група Украинки отворила страница на „Фејсбук“ која мометно ја поддржуваат две илјади корисници и направиле маици на кои пишува „Не давајте им на Русите“, како вид протест за политиката на Путин кон нивната држава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top