| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон откри дека има необична зависност

Jennifer Aniston

Славната актерка Џенифер Анистон признала дека има една голема мана – собира шминки и ги чува во фиоки со години. Таа призна дека некои козметички произови во нејзината куќа се стари и по десет години. За магазинот „Пипл“ објасни дека ги чува работите во нејзината куќа, иако знае дека нема корист од нив.

– Се сеќавате кога Кевин Клајн ја почна линијата за декоративна козметика? Мислам дека тоа беше во 90-те години, а дури сега јас фрлив едно руменило -изјави Анистон.

Освен опсесијата за шминка, актерката вели дека слична опсесија има и со облеката. Чува фармерки кои ги носела кога имала 20 години или црвена маица во која глумила во „Пријатели“.

Познато е дека Анистон многу внимава на здравиот начин на живот. Вели дека сега жените се многу поздрави во четириесетите години, отколку пред 30 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top