Белгиската полиција соопшти дека „сомнителниот пакет“ пронајден во Брисел, денеска кога таму пристигна американскиот претседател Барак Обама се покажал како лажна тревога.
Пакетот пронајден во автобус на јавниот превоз е безопасен и блокадата на околното подрачје веднаш била сопрена, соопштила полицијата.
Имено, претходно белгиската полиција објави дека пронашле сомнителен пакет и дека им е потребна притоа пиротехничка опрема на местото на настанот. Сомнителниот пакет е пронајден на северот од Брисел, на околу 3 километри од седиштето на НАТО, каде што нешто подоцна Обама треба да се сретне со Андерс Фон Расмунсен.
-Го затворивме опкружувањето, што претставува стандардна процедура во такви случаи, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток