Американскиот претседател Барак Обама ја заврши дводневната посета на Холандија и денеска престојува во Брисел на чело на големата американска делегација која според некои проценки брои дури 900 членови.
Обама вчера учествуваше на самитот за нуклеарната безбедност во Наг на вонредно закажаниот самит Г7, заедно со шефовите на држави или влади на Германија, Британија, Италија, Канада, Франција, Јапонија, во присуство и на Херман Ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо. Од овој самит Обама уште еднаш и порача на Русија дека односто на Западот кон неа нема да биде како порано. Самото одржување на самитот Г7 е првиот видлив резултат на одлуката на најразвиените држави од светот што повеќе да ја изолираат Русија, а со самото тоа Г8 веќе е закопан. Во декларацијата усвоена на овој самит се наведува дека тие држави нема да учествуваат на самитот Г8 во Сочи, туку во тоа време, ќе одржат Г7 во Брисел. Покрај тоа одлучено е и да се одржи состанок на министрите за енергетика на Г7 за да се забрзаат проектите кои ќе ја зголемат енергетската независност на Западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.