| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА му се закани со санкции на ПСЖ

На актуелниот француски шампион ПСЖ му прети санкција од Европската организација (УЕФА), откако инспекцијата утврди дека клубот од Париз го прекршил финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесува „Л’екип“.

Претседателот на ПСЖ Насер ал Келаифи и извршниот претседател Жан Клод Блан биле испрашани во седиштето на УЕФА минатата година, а по тоа се направени уште две испитувања по кои е заклучено дека ПСЖ сепек троши повеќе отколку што заработува во една сезона, а со тоа го крши ФФП правилото.

УЕФА ќе го објасни целиот случај, а одлуката ќе ја донесат на крајот на април или почетокот на мај, а казната за ПСЖ би можела да биде многу строга, но и многу блага.

 

Постои опција УЕФА да му одземе девет бода на ПСЖ или пак само усно да ги опомене. Можно е и одземање на титулата и забрана за настапување во УЕФА натпреварувањата, но тоа тешко дека ќе се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top