| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за уште еден битолски дилер

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.П. (34) од Битола, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 7 март годинава, пред домот на пријавениот од страна на полициски службеници биле затекнати пријавениот и едно лице од Битола, при што во тој момент Н.П. фрлил пластично пакување во кое имало хероин од околу 6,6 грама, додека при преглед над другото лице е пронајдена 4,5 грама хероин.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top