Еден од најкреативните и најиновативните македонски бендови, „Беј д фиш“, на 12 април со почеток во 22 часот, ќе ја завршат својата 12-годишна кариера, со последен концерт во „Сити хол центар“.
Сите присутни ќе имаат можност за последен пат да уживаат во концертот на еден од највлијателните бендови на македонската музичка сценa. Бенд кој зад себе има оставено пет студиски албуми и безброј извонредни настапи во Републикава и регионот.
Причините кои стојат зад оваа одлука на бендот, ќе бидат соопштени на самиот концерт како и низ најавените интервјуа кои ќе се појават во следниот период.
Уникатниот стил на „Беј д фиш“ кој беше граден низ годините, изроди хит-теми како: „When he was young“, „French cheese“, „True story“, „Livin’ in a box“, „Ideal woman“, “Instant generation”.
Атмосферата пред концертот со диџеј-сет ќе ја загрее Лепи Џони (The John).
Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 28 март по промотивна цена од 200 денари во „Сити хол центар“, „Кастм паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.