| четврток, 6 декември 2018 |

Наплатата на патарините рекордна, се поставуваат електронски дисплеи

патарини

Патарините добиваат електронски информативни дисплеи кои ќе ги известуваат патниците за категоријата на возилото, цената на патарината, сумата што ја дале и износот на пари кој треба да им биде вратен. При плаќање со девизи, ќе се прикажува курсот.

Осум вакви уреди веќе се поставени на Петровец, а следни се патарините Глумово и Романовце. До почетокот на април сите патарини во земјата ќе бидат опремени со вкупно 70 дисплеи.

– Целта е она што нашите вработени го работат на компјутерите да биде читливо и за граѓаните, поточно да се знае во секој момент колку пари се дадени и колку пари треба да се вратат на нашиот корисник. Инвестициската вредност на проектот е 1,8 милиони денари – вели Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта.

Од јавното претпријатие за државни патишта јавуваат за постојан раст на наплатата на патарините. Во првите два месеци од годинава оставарен е приход од 185. 883. 870 денари што е за близу 14 отсто повеќе од истиот период лани.

Ако во 2001-та биле остварени приходи од 375.200. 607 денари, или нешто над 6 милиони евра, лани таа достигнала рекордни 1. 378. 520. 997 денари или 22,4 милиони евра.

Приходите речиси се удвоиле во 2008-та, период по акцијата Змиско око. Тоа, како што велат надлежните, покажува дека приходите растат не толку заради зголемениот сообраќајот, колку заради засилената контрола.

-Се работи за поголема контрола во работењето на патарините, максимална транспарентност кон граѓаните и кон нашата обврска, собирањето на средства за кое што даваме отчет и пред владата на Републка Македонија – вели Георгиевски.

Планот за патарините е да се воведе безготовинско плаќање за што веќе се работи на проект финансиран од Европската банка за обнова и развој. Плаќањето ќе се прави со смарт картички, како и со платежните картички на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top