Дали знаете кој европски клуб во претходните шест сезони заработил најмногу од продажба на фудбалери?
Екипата од Лондон, Тотенхем е лидер на тој список со 322,1 милиони евра од направени трансфери, односно од продажба на играчи, а за тоа секако најмногу допринесе тоа што за рекордна сума на пари претходното лето на Реал му го продадоа Герет Бејл.
Реал се најде на второто место со заработка од 303,7 милиони евра, но за купување на нови играчи потрошија многу повеќе, додека на третото место е Порто (282,7) кој едно време беше прв кога станува збор за ова.
Интересно е тоа што клубовите од топ 5 европските лиги во претходните 11 трансфер периоди потрошиле рекордни 12,5 милијарди евра, што на еден начин потврдува дека фудбалот е најважната споредна работа во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Тотенхем со пет гола во мрежата на Стоук ја прекина црната серија во Англија


