| четврток, 6 декември 2018 |

Барса ја пречекува Селта без двајцата капитени

Фудбалерите на Барселона по победата во Ел Класико, денеска во вонредното коло ја пречекуваат Селта, а во составот на тимот нема да бидат двајцата капитени Карлес Пујол и Чави.

Пујол и понатаму се опоравува од повредата на коленото, додека Херардо Мартино одлучи да го одмори Чави, кој во неделата на „Сантиаго Бернабеу“ ги одигра сите 90 минути.

Покрај нив, од тактички причини од списокот отпаднаа и Ибрахим Афелај и Мартин Монтоја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top