| четврток, 6 декември 2018 |

Кравчук: Путин нема да застане во Украина, ова може да биде почеток на Трета светска војна

Vladimir_Putin-6-540x376

Првиот претседател на независна Украина, Леонид Кравчук предупреди дека преминувањето на руски војници преку украинската граница би значело почеток на Трета светска војна.

Кравчук се надева дека меѓународниот притисок ќе спречи понатамошна агресија на Украина од страна на Русија по припојувањето на Крим. Од друга страна, поранешниот претседател смета дека апетитите на Путин стигнуваат подалеку од Украина.

– Тоа нема да биде точна на сопирање и тоа би можело да биде почеток на Трета светска војна, порачал Кравчук за Гласот на Америка.

Некои украински аналитичари изразуваат загриженост дека Русија би можела да се обиде да презеде контрола над делови на Украина или над сосдена Молдавија каде се наоѓа големо руско малцинство. Русија пак тврди дека не планира понатамошни воени акции во Украина и дека само изведува воени вежби во близина на границата.

Многумина исто така се прашуваат дали Украина денес ќе се плашеше од војна со Русија, ако Кравчук не одлучеше по распадот на СССР да испрати 1.800 нуклеарни боеви глави во Русија. Тој во 1994 година потпишал договор со тогашниот руски претседател Борис Јелцин и со американскиот претседател Бил Клинтон за отстранување на нуклеарното оружје од Украина во Русија.

Украина до тој момент беше трета нуклеарна светска сила по број на нуклеарно вооружување, а по потпишувањето на тој договор земјата добила гаранции за зачувување на суверенитетот од Русија и од Западот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top