На седум кола до крајот во германското првенство актуелниот шампион Баерн Михен ја одбрани титулата со недостижни 25 бодови разлика. Баварците вечерва во Берлин против Херта победија со 3-1 и ја обезбедија титулата.
Головите за избраниците на Пеп Гвардиола ги постгинаа играчите кои го понесеа целиот товар во досегашниот дел од шампионатот. Прв кој прецизно стрелаше во уште во шестата минута беше Тони Крос. На 2-0 зголеми големото засилување за оваа сезона младиот германски репрезентативец Марио Геце во 14 минута. Херта се понадева дека може да им го поремети шампионското славје на гостите со голот на Рамос од пенал. Сепак до крајот на натпреварот најдобриот играч на Баерн Франк Рибери ја осигура победата во 79 минута.
Ова беше 19 победа во низа на баварскиот гигант и 24 титула во германското фудбалско првенство.
Единствениот тим кој сеуште беше во бодовна разлика за да може да се надева на титула во случај да Баерн ги загуби сите седум кола до крајот тимот на Борусија Дортунд денеска не успеа да победи на домашен терен дерби дуелот против Шалке. Резултатот остана оној почетниот 0-0.
Во останатите два натпревари Брауншвајг остана во трката за опстанок победувајќи го денеска тимот на Николче Новески Мајнц со 3-1 и Волфсбург кој со победата од 3-1 на гостувањето кај Вердер Бремен се наметна како еден од тимовите кои до крајот на сезоната ќе се борат за место мое води во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.