| четврток, 6 декември 2018 |

На убиецот на тригодишната Мевљана му се заканува доживотен затвор

dete

На убиецот на тригодишната Мевљана му се заканува доживотен затвор, пишува весникот „Дневник“.  Мевљана пред да биде претрпена до смрт, била жртва на малтретирање кое веројатно траело подолго време. Ова, неофицијално, го покажала обдукцијата извршена врз телото на малото девојче. Лекарите утврдиле дека покрај новите повреди, крвавења и скршеници имало и постари повреди по телото. Обдукцијата покажала дека во никој случај не можело да стане збор за повреди добиени при пад од скали како што првично изјавил осомничениот за грозоморното убиство. Обликот на повредите и начинот на кои тие биле нанесени укажувале на тоа дека девојчето било брутално тепано, но не само дента.

Џемаил се соочува со казна доживотен затвор ако на судење се докаже дека го убил девојчето. Од МВР објаснуваат дека поднеле кривична пријава за убиство од член 123 на Kривичниот закон, но дека понатаму зависи од Јавното обвинителство и нивната истрага дали ќе изврши преквалификација на делото.
Скопски адвокат за весникот објаснува дека, според она што првично го има како сознанија за случајот, убиецот може да добие и максимална казна бидејќи член 123, став 6 од Kривичниот законик, предвидува затвор од најмалку десет години или доживотен затвор за оној што ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top