Долго веќе се зборува за новиот договор кој Барселона треба да го потпише со нивниот најдобар играч Лео Меси, а почнаа и шпекулациите какви услови ќе добие Аргентинецот од Каталонците.
Како се ближи крајот на сезоната, Меси игра се подобро, а за тоа сведочат трите гола кои ги постигна во „Ел класико“. Претседателот на клубот Ноа Жорди Бертомеу тврди дека Меси ќе добие понуда која нема да може да ја одбие.
– Дојде време да зборуваме со таткото на Меси и агентите. Тој е нашата најголема ѕвезда и сакаме од него да направиме најплатен фудбалер во светот. Меси е најдобар и го заслужува тоа. Постои желба од двете страни за да се постигне договорот и верувам дека ќе успееме во тоа – изјави Бертомеу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.