Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава за А.Д.(47) од Скопје, командир во ПС за ОН „Драчево“ за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
На 5 јануари годинава, во с. Долно Количани дошло до физичка пресметка меѓу О.М. и М.Б. за што полициските службеници издале соодветни обрасци за констатиран прекршок предизвикување, поттикнување и учество во тепачка.
По десетина дена пријавениот неправилно и незаконски наредил преквалификација на настанот од тепачка во физички напад и на овој начин О.М. се здобил со корист од 300 евра, а на М.Б. му е причинета штета од 600 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.