Индонезиската државна комисија за цензура денеска соопшти дека го забранила прикажувањето на библискиот филмски спектакл „Ное“.
Индонезија е меѓу последните муслимански држави што ја донесоа забраната иако тамошната јавност не го очекуваше тоа. Премиерата на библискиот спектакл беше најавувана за в петок.
Филмот „Ное“ со Расел Кроу во главната улога ја имаше европската премиера на 13 март. Во исламскиот свет прикажувањето се забранува поради прикажување на ликот на Ное како пророк, што со исламските закони не е дозволено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


