Mинистерoт за одбрана на Украина, Игор Тењух, денеска поднесе оставка поради критиките упатени кон него за начинот на кој се справува со кризата на Крим, но Врховната Рада не ја прифати.
Само 197 пратеници гласаа за оставката од потребни најмалку 266 народни избраници.
– Ако раководството има други решенија за развој на настаните и има други кандидати за мојата функција, јас ќе поднесам оставка – истакна Тењух пред Парламентот, еден ден откако Украина почна да ги повлекува своите војници од Крим.
Претходно, в.д. претседателот Олександр Турчинов им предложи на пратениците да го отстранат Тењух и на негово место да го именуваат генерал-полковник Михајло Ковал, кој е директор на административниот оддел при граничната служба на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.