| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките одат на победа во Русија

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре ќе го одигра првиот натпревар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство, кое почнува во декември, а ќе се одржува во Хрватска и во Унгарија.

Во рамките на групата 7, македонските ракометарки ќе гостуваат во Русија. Ракометарките го стартуваат овој квалификациски циклус со нов селектор, Ристо Магдинчев, и со целосно подмладен тим.

За гостувањето во Русија, ракометарките се подготвуваа шест дена на технички и на тактички план. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 17 часот по македонско време. Реваншот во Скопје е закажан во сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top