| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу сол во исхраната доведува до побрзо стареење

sol

Тинејџерите со прекумерна тежина јадат многу солена храна и може да остарат многу брзо, покажа новото истражување на американските научници.

Истражувачите утврдиле дека кај младите што имаат поголема тежина, клетките им стареат многу побрзо од вообичаено и се во поголема опасност да заболат од срцеви болести. Ова истражување било спроведено во сојузната држава во САД, Џорџија, а покажало дека намалувањето на солта во исхрната може да го успори стареењето, пренесува „Дејли меил“.

Ефектите се посебно изразени кај лицата со прекумерна тежина, а стручњаците споменуваат дека пушењето цигари и недостигот од физичка активност, исто така, го забрзува и процесот на стареење на клетките.

Во истражувањето биле опфатени 776 лица на возраст меѓу 14 и 18 години, кои биле поделени во групи на основа на нивото на солта што ја внесуваат во организмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top