| четврток, 6 декември 2018 |

Кина се сомнева во тврдењата за падот на малезискиот авион

malezija-avion-1

Кина бара да се продолжи истрагата за малезискиот авион, кој исчезна за време на летот МХ370 на релација Куала Лумпур – Пекинг, а за кој Малезија вчера соопшти дека се урнал во јужниот дел на Индиски Океан и дека нема преживеани патници и членови на екипажот.

Заменик-министерот за надворешни работи на Кина Ксие Хангшенг се сретна со малезискиот амбасадот во Кина, Датук Искандер бин Садудин и побара докази за тврдењето на Малезија дека авионот за време на летот ја сменил насоката и се урнал во Индиски Океан, западно од австралискиот град Перт.

Тој побара да продолжи истрагата за авионот.

Кина синоќа соопшти дека во потрагата за малезискиот авион ќе бидат вклучени дополнителни бродови, а моментно во истрагата учестуваат шест бродови и два авиона од Кина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top