Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, заедно со својот тим ја почна изборната кампања низ градовите на Македонија, превезувајќи се со автобус.
Со ова е сменета досегашната практика со автомобили да се превезуваат на митинзите.
Доктори, директори, спортисти, студенти, пензионери, музичари се дел од „Тим Македонија“ за поддршка на Иванов.
Замислата е изборниот карван во едно превозно средство да ја обиколи државата за време на изборната кампања.
„Тим Македонија“ работи на промоцијата и поддршката на Иванов, зад кого веќе застанаа многумина јавни личности, но и поголем дел од народот.
Во него членуваат фолклорниот уметник Наум Петрески, каратистот Дејан Недев, актерот Рубенс Муратовски, пејачот Мики Јовановски-Џафер, специјалист д-р Борче Ѓоргиевски, доктор Аспазија Стефановска, пензионерката Љупка Ципушевска, стоте успешни студенти од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Шиколе, Татјана Баевска-Вучковиќ, Далибор Јовановски, Душко Богдановски, Југе Трпевски, Рамиз Дураковиќ, Денко Скаловски, Ана Пејковска и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Се симнувало по скали од вториот кат и паднало: Девојче повредено во автобус на ЈСП