Кошаркарот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Чековски, но и членот на Црвена звезда, Марко Тејиќ, се суспендирани по еден меч од Дисциплинската комисија на АБА-лигата поради инцидентот на натпреварот одигран претходниот викенд.
Инцидентот се случи кога Чековски со лакот го закачи Тејиќ, а младиот играч на „црвено-белите“ му вратил со шлаканица. Соиграчите веднаш реагираа да не настане поголем инцидент.
Суспензијата за Чековски значи дека тој нема да може да настапи за МЗТ Скопје на мечот со Раднички, кој е на програмата в сабота.
Тејиќ е казнет со казна од 500 евра, а клубот со 200 поради неговата грешка. Идентична казна му е изречена и на Чековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.