Еден од лидерите на ултрадесничарската организација „Десен сектор“, Александар Музичко, е убиен во градот Ривна во западниот дел на Украина, јави „Гласот на Русија“.
Музичко бил убиен со истрели во срцето, а неговата облека била искината.
– Додека возел автомобил, патот му бил пресечен од два автомобили. Напаѓачите потоа го извлекле надвор и го фрлиле на возилото. Му ги врзале рацете зад грб, а потоа го тепале, по што двапати му пукале во срце – изјави Александр Диниј, претставник на Врховната Рада.
Москва сѐ уште не добила официјално известување за убиството, па поради тоа неговото име сѐ уште се наоѓа на листата на најбарани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.