Контроверзен разговор меѓу Јулија Тимошенко и заменик-обвинителот за национална безбедност и одбрана на Украина, Нестор Шуфрич, предизвика бура од реакции во јавноста откако беше објавен на интернет.
– Ова отиде предалеку! Мораме да го зграпчиме оружјето и да ги елиминираме тие проклети Руси и нивниот е*** лидер! Ќе му покажам јас на тој с**ко! Украинците мора да земат оружје против Русите така што зад нив да не остане ниту изгорена земја. Жал ми е што не сум таму и што не учествував во целата процедура. Не би имало е**на шанса да им го дадам Крим – вели Тимошенко во разговорот кој се појави на „Јутјуб“ во понеделникот.
Во текот на целито разговор се користат бројни пцости, а Тимошенко не избираше зборови додека му објаснуваше на Шуфрич како Украинците треба да се повикаат на убивање Руси.
Меѓу другото, рекла дека ќе ги активира сите врски низ светот за да ја претвори Русија во пепел. Од разговорот се слуша дека станува збор за приватна комуникација, а како стигнала до интернет не е познато.
Интересно е и тоа што Тимошенко ја потврди автентичноста на снимката преку нејзиниот профил на „Твитер“, а реагираше на само еден „неточен“ навод таму каде што говори за Русите.
– Реков дека Русите во Украина, а не мислев на сите Руси. Hello FSB 🙂 Се извинувам за пцостите!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.