| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Илиевска и Даниел Кимовски победници на „Танц со ѕвездите 2“

танц

Шоуто што изминатите три месеци ги забавуваше гледачите пред малите екрани на првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија,  ја прогласи својата најдобра танцова двојка.

Победници во втората сезона на „Танц со ѕвездите“ се Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.

Гламурозното шоу што го најавија продуцентите се исполни. На сцената, покрај танцовите двојки, настапија и музичките ѕвезди Јелена Розга, „Нокаут“ и Тијана Дапчевиќ, овогодишниот претставник на Евровизија од Македонија.

Победничката двојка доби подарок вредно патување од МРТ и од продукцијата „Дрим фактори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top