Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ после концертот во Словенија, на кој заблеска во краток фустан, откри што самата мисли за својот изглед.
На прашањето како ја одржува својата линија, пејачката низ смеа одговори: „Јас сум добро гаражиран олдтајмер“.
Цеца додаде дека и приватно многу сака да ја посетува Словенија.
– Слушнав дека и тие сакаат да доаѓаат кај нас и оти нашите се најдобри гости -рече Цеца и додаде дека во 2005 година за првпат била во Словенија, додека во Хрватска никогаш не била.
– Луѓето на целиот Балкан имаат многу заедничко, ист менталитет – заклучи Цеца, која ја воодушеви публиката во Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



