Ќе продолжиме со поддршката на Ѓорге Иванов и кон новите заеднички цели, Македонија да продолжи и да ги оствари европските и евроатланските интеграции, со почитување на државните и на националните интереси, принципиелно и одговорно и со почитување на волјата на народот.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот централен митинг во Охрид, каде што владејачката партија доби огромна поддршка.
– Да продолжиме да ја намалуваме невработеноста, да се вработуваат граѓаните, да се инвестира во капитални добра, кои ја помагаат и економијата, но имаат и голема и широка корист за народот од секоја нација и од секоја вера. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, мудро, достоинствено и со многу работа – рече Груевски.
Груевски нагласи дека големината на Македонија не лежи во нејзината тероторија и границите кои ја отцртуваат, големината на Македонија, како што рече Груевски, лежи во нејзините луѓе, „длабоко во нашите корени, во секој од нас, во традицијата, во соживотот којшто го градиме со векови, во вредностите коишто ги поседуваат нашите градови и села и луѓето во нив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



