| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Граѓаните нема да дозволат раководството на ДУИ да им избира претседател

vmro-vo-ohrid-11
Ѓорге Иванов и во следниот мандат ќе биде еден претседател на сите граѓани, од сите етнички заедници и религиски групи, му се допаѓало тоа на раководството на ДУИ или не, порача вечерва од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Намерата на ДУИ нивното раководство да одбира претседател, наместо целиот народ и сите граѓани на земјата, таа желба да се приграби она што му е дадено на народот со Уставот,  тој одлучува, а не партиската врхушка на ДУИ, ќе биде пресретната не само од Македонците, туку и од Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите останати граѓани на Република Македонија – рече Груевски.

Груевски нагласи дека со масовно излегување и поддршка на претседателските избори на 13 и на 27 април, Албанците во Македонија нема да дозволат нивното гласачко право да биде одземено и предадено на Ахмети и на неколку луѓе околу него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top