| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со најмасовен митинг во Охрид кога и да е одржан, повеќе од 50.000 луѓе

 

ohrid-3

 

Kaндидатот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател Ѓорге Иванов ја започна кампањата со голем митинг во Охрид. Според првичните проценки, на првиот митинг на владејачката партија во Охрид присуствуваат околу 50.000 граѓани.

Ова е најмасовен митинг во Охрид кога и да е одржан. Реки од народ уште пред стартот на Централниот митинг се упатија кон охридскиот плоштад и го преполнија во знак на поддршка кон Иванов и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

Со силна поддршка за Иванов застана тимот „Македонија“ составен од уметници, актери, пејачи, доктори, студенти, пензионери, граѓани од цела Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top