| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески: Овој ден да донесе голема победа за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ

 бакрачески

– Дваесет и четври март е ден кога беше прогласена најголемата победа во историјата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Се надевам дека токму овој ден ќе донесе голема победа за Иванов и за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори- истакна попладнево градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески пред почетокот на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
-Стотици колони од цела Македонија се упатија на охридскиот плоштад да испратат силна порака дека патот кој ние го трасираме е вистинскиот и носи сигурна иднина и воедно да бидат сигурни дека нивниот глас е дел од таа иднина – нагласи Бакрачески.

Тој посочи дека Иванов во изминатиот мандат покажал чесност и доблесност, цврстина и конзистентост и на широко ги отвори вратите за Република Македонија во светот.
Охридскиот градоначалник нагласи дека Иванов е човекот со кој во изминатите месеци имале плодна соработка во делот на претставувањето на богатото културно, историско и природно богатство во светот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top