Малезискиот премиер Наџиб Разак на семeјствата на 239 патници и членови на екипажот од мистериозно исчезнатиот Боинг 777-200 Ер на компанијата Малезија Ерлајнс, им соопштил дека авионот своето патување го завршил илјада милји подалеку од зацртата рута.
– Со голема тага морам да ви соопштам дека податоците потврдуваат дека последната позиција на авионот е забележана во Индискиот Океана, јужно од Перт – изјави малезискиот премиер Наџаб Разак. Неговата изјава, според агенциите, се заснова на информациите на британската сателитска компанија „Inmarst”.
Според првичните информации, авионот нагло скршнал од рутата и постоеше сомневање дека намерно е тргнат од зацртаниот курс. Американската телевизиска мрежа CNN објави дека авионот од височина од 35.000 стапки (10.600 метри) нагло се стрмоглавил на 12.000 стапки (3.650 метри), што би требало да значи дека пилотите реагирале на вонредна ситуација. Меѓутоа, никаков повик за помош не е упатен од страна на екипажот, а судбината на авионот повеќе од две седмици останува да претставува мистерија без преседан во цивилното воздухопловство.
Копилотот на исчезнатиот авион, Фарук Абдул Хамид, првпат летал со овој тип воздухоплов како самостоен член на екипажот без контрола од страна на инспектор, пишува AFP повикувајќи се на изјавата од компанијата Малезија Ерлајнс.
Како што се истакнува во изјавата, до несреќниот лет МH370, Абдул Хамид управувал со контрола на инспектор само пет пети. Според авиокомпанија, станува збор за вообичаена практика. Во текот на обуката и подготовките немало никакви проблеми кај раководството и инспекторите кон Абдул Хамид. Покрај тоа, капетанот на авионот, Захари Ахмад Шах бил искусен пилот на Боинг 777 со долгогодишен стаж.
Малезиските власти претходно објавија дека се води истрага за членовите на екипажот и пилотите на исчезнатиот авион, но досега никакви резултати од оваа истрага не се соопштуваа.
На листата на патниците 154 се од Кина и Тајван, 38 се Малезијци, седум се Индонезијци, шест Австралијци, Пет Индијци, четворица Французи, тројца Американци, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина, и по еден државјанин на Русија, Холандија, Австрија и Италија.
Откако исчезна авионот, во потрагата по него учествуваат 26 земји, меѓу кои и Виетнам, Индија, Малезија, Австралија, Јапонија, САД и Кина. САД на Австралија и’ отстапи направа за откривање на ткн „црни кутии”кои ги снимаат техничките информации за летот на авионот, како и гласот на пилотот за време на летот. Таа со мала брзина се влече зад брод за да го детектира звукот од „црната кутија” на максимална длабочина од 20.000 стапки или 6.090 метри. Меѓутоа „црните кутии” испраќаат сигнали околу 30 дена, по што станува уште потешко да се лоцира исчезнатиот авион.
Потрагата се одвива во два огромни коридора. Едниот се простира северно по копното од Лаос кон Каспиското Езеро, а другиот јужно преку Индискиот Океан до индонезискиот остров Суматра, па сé до делот западно од Австралија.
Последните денови тие се концентрирани на областа 2.500 километри југозападно од австралиското пристаниште Перт, настојувајќи да ги пронајдат објектите што ги снимиле сателитите на повеќе земји.
Kина во потрага по исчезнатиот авион упати неколку авиони „Илјушин ИЛ-76″ и цела флотила бродови, меѓу кои и мразокршачот „Снежниот змеј”. Кинеските бродов ќе пристигнат во зоната на потрагата во вторник, а во моментот таа област ја надлетуваа десетина авиони опремени со најсофистицирана опрема
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.