| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ на Стевчо Јакимовски ќе коалицира со Драгиша Милетиќ

grom-partija-1

Стевчо Јакимовски, Драгиша Милетиќ, Слободан Угриновски и Kире Гештаковски официјално ја објавија својата предизборна коалиција за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори. Тие ја потпишаа и ја усвоија декларацијата за заеднички настап на претседателските и на предвремените парламентарни избори 2014 година и за формирање на коалицијата ГРОМ.

– Ја објавуваме коалицијата ГРОМ, составена од Граѓанската опција за Македонија, Српската напредна странка во Македонија, Сојузот на Титови леви сили и Партијата на слободни демократи. Ова е, практично, третата опција во Македонија, а станува збор за партии што веќе имаат заедничко искуство од минатите изборни циклуси. Имајќи предвид дека и досега сме работеле во интерес на граѓаните на Македонија, очекувам дека и понатаму ќе продолжиме во истиот правец – објавија четворицата лидери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top