На 40. издание на фестивалот „Млада камера“, кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.
Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Maria“. Покрај поетот, во филмот настапуваат Верица Недеска, Катерина Петреска и Александра Котушеска.
Антонио Вељаноски е дипломец на филмската академија ФАМУ во Прага, најстарата во Европа од која излегле познатите режисери Милош Форман, Јиржи Менцел, Емир Кустурица и др. Шеф на катедрата за монтажа на која студира Вељаноски е македонскиот режисер Иво Трајков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.