Македонскиот гитарист и композитор Ѓорѓи Шарески наредниве денови ќе настапи во Берлин. На 27 март, придружуван од Емин Џијан и неколкумина германски џез- музичари ќе одржи концерт во култниот центар „КултурФабрик“.
Групата „Берлин 5“ во кој покрај нашиот гитарист се Борил Бел на тапани, Кристијан Шанц – бас, Николаус Нојзе – труба и Џијан Емин – на клавијатури и на повеќе дувачки инструменти е наречан, а ден потоа ќе го сними материјалот за албумот наменет за европскиот пазар.
– Станува збор за познат културен центар каде што има киносали во кои се прикажуваат уметнички филмови, театар, галерија и повеќе сцени за музика. Претходно имавме неколку настапи по клубовите на кои свиревме фри-џез, импровизирана музика, а ова ќе биде перформанс на сцената од театарот на кој ќе ги претставам моите композиции и прв официјален концерт на квинтетот во Берлин – вели Шарески за Радио Слободна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.