| четврток, 6 декември 2018 |

Недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

Францускиот институт во Скопје и Кинотека на Македонија организираат Неделата на франкофонски филм. Амбасадорката на Франција, Лоранс Оер, и Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Кинотеката на Македонија, в среда, 26 март 2014, во Кинотеката, во 20 часот, ќе ја отворат оваа традиционална мартовска филмска манифестација, по што ќе следи проекција на емотивната љубовна драма „За една жена“. Предвидени се две проекции за филмот на отворање: во 20 и во 22 часот.
Филмската критика го карактеризираше делото на Кирис како враќање кон основите на филмската уметност преку една прекрасна приказна, со внимателно селектирани фотографски кадри и класичен филмски код за вистинско уживање (Ле Паризјен); како режисерско моќно дело во кое се преплетуваат минатото и емоциите (Теле 7 Жур); или, пак, како особено искрена реализација (20 Минит), односно романескна фреска издлабена од тројца извонредни актери.

Неделата на франкофонски филм ќе продолжи следниве денови:
– Четврток 27 март 2014, во 20 часот:  „Во секој случај, Лоранс“, на Гзавие Долан (2012, Канада)
– Петок 28 март 2014, во 20 часот:  „Странецот“ на Ники Илиев (Бугарија)
– Сабота 29 март 2014:
20 часот: „А сега, каде?“ на Надин Лабаки (2011, Либан, Франција)

22 часот: „Барони“ на Набил Бен Јадир (2009, франкофонска Белгија), со Надер Бусандел, Мурад Зегенди
– Недела 30 март 2014, во 20 часот: „Денес“ на Ален Гомис (2013, Франција, Сенегал).

Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Канада, Амбасадата на Бугарија и Федерацијата Валонија-Брисел, во чест на прославата на франкофонијата во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top