СВР Скопје за време на изминатиот викенд (22/23.03) спроведе зајакната контрола при што од страна на сообраќајната полиција се санкционирани 277 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Притоа кај 43 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол.
Потоа 33 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 17 возачи, кај 15 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, a 13 возачи управувале возила со над дозволената брзина од кои четири возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Исто така, изречени се три прекршоци за некористење сигурносен појас, 16 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 19 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 48 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање првенство на минување на пешаци изречен е еден прекршок, додека, пак, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се три прекршочни пријави. Со пајак-службата се подигнати вкупно 46 возила.
Покрај ова, за време на викендот и на подрачјето на СВР Тетово беше реализирана акциска сообраќајна контрола при што беа контролирани 60 возачи, а 55 беа алкотестирани. Од нив пет возачи беа исклучени од сообраќајот, додека на уште пет лица им се издадени платни налози. Во акцијата, исто така, се откриени и 11 други видови прекршоци (истечена регистрација, неатестирани фолии, неисправни уреди и опрема, неносење возачка дозвола и друго).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.