| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајците ќе снимаат: Полицајци со камери ќе ловат сообраќајни прекршоци

soobrakaec

Од глава или рамо, сообраќајните полицајци со специјални мини камери ќе го снимаат работниот ден. Затоа во иднина секој што е вклучен во сообраќајот ќе мора да внимава на правилата при возење, но и како ќе се однесува откако ќе биде сопрен од полициски службеник.

Видео материјалот ќе служи и како доказ при евентуална жалба од страна на лицето сопрено со моторното возило. Внатрешната контрола врз основа на снимка ќе треба да утврди дали сообраќаецот постапил според своите овластувања и дали пишаната казна е заслужена.

Опремата во висина од 65 илјади евра е донација на американската влада при што амбасадорот Џес Бејли истакна дека со инсталирање на овој нов систем на работа ќе се искорени корупцијата кај полициските службеници кои најчесто се подложни на мито не само во Македонија туку во целиот свет вклучувајќи ги и САД.

Министерот Чавков истакна дека има законска основа за имплементација на овој проект бидејќи веќе бил променет законот за полиција но смета дека треба да се донесат и под законски акти за персонализација на одредбата за снимање на учесниците во сообраќајот а со тоа ќе се уреди и овластеното снимање од страна на полициските службеници и на јавните настани и спортски натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top