Изминатиот викенд се ограбени четири цркви во Ресенско.
Во црквата „Св. Никола“ во с. Сопотско, Ресенско непознат сторител со употреба на алат и физичка сила извршил тешка кражба од каде што одзел околу 900 денари и метален крст.
Во црквата „Богородица“ во с. Крани, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба, при што одзел сребрен крст кој тежел околу 400 грама и околу 2.700 денари.
Во с. Лева Река, Ресенско, непознат сторител со употрерба на подесен алат извршил тешка кражба во црквата „Св. Никола“ од каде што одзел 500 денари. Извршен е увид и се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Вчера, околу 16 часот, во с. Кривени, Ресенско, непознат сторител со употреба на алат извршил тешка кражба во црквата „Св. Ѓорѓија“ од каде што одзел 200 денари.
Во сите цркви е извршен увид и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.