| четврток, 6 декември 2018 |

Руската рубља од денеска влегува во платниот промет на Крим

rublja-rusija

На Крим од денеска официјално во употреба во платниот промет влегува руската рубља, јави ИТАР-ТАСС.

Некои институции во Симферопољ, пред сѐ, хотели и ресторани, уште пред 24 март веќе почнаа да ја примаат рубљата како средство за плаќање.

Во продавниците на Крим почнаа да се појавуваат двојни цени, на кои вредноста е пресметана во рубљи и во гривни. Тоа засега главно се производи што имаат цени поголеми од 1.000 гривни.

Според Законот за присоединување на Крим кон Русија, парична единица на територијата на оваа република и градот Севастопољ станува руската рубља. До 1 јануари 2016 година таму се дозволува користењето на националната парична единица на Украина – гривната. По овој датум рубљата ќе остане единствената законска валута на полуостровот.

На Крим и во Севастопољ од денеска задолжително ќе се плаќааат во рубљи даноците, платите на вработените во државниот сектор, социјалните исплати, како и различни други плаќања, ако една од странките е постојан жител на Русија.

На 21 март рускиот претседател Владимир Путин го потпиша федералниот уставен закон за приклучување на Крим кон Русија и создавање нов субјект – Република Крим, и градот со федерално значење – Севастопољ, потсетува ИТАР-ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top