Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е огорчен поради лошото судење во поразот на неговиот тим од Барселона.
Каталонците славеа во Мадрид со резултат 4-3, а Роналдо смета дека судијата Ундиано Малјенко директно влијаел врз резултатот на натпреварот.
– Ундијано Малјенко, едноставно, не е дораснат за ваков натпревар. Секогаш иста приказна, игравме против 12 играчи. Делува како некој да не сака да победиме, а Барселона да се врати во трката за титула. Не сакам изговори, но не можам да молчам по сето тоа. Не се сеќавам Реал некогаш да биде штитен од страна на судиите. Сепак, и покрај сѐ, Реал ќе ја освои титулата – изјави Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


