
Руските сили презеле контрола над морнаричката база во Федозија на Крим, јави „Би-Би-Си“. Ова е трет напад на воени бази во рок од 48 часа.
Портпаролот на украинската одбрана Владислав Сележњов изјави дека Русите ја нападнале базата од два правци, користејќи оклопни возила и шок гранати.
Потоа ги собрале заробените украински војници на едно место, а на офицерите им ги врзале рацете. Војниците од базата изјавиле за „Ројтерс“ дека при нападот имало истрели од огнено оружје и потврдиле дека сега местото е под руска контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


