Во драматичното „Ел Класико“ кое се одигра вечерва симпатизерите на фудбалот видоа дури седум голови, еден црвен картон и премногу убави потези и силни дуели. Барселона успеа да го победи вечниот ривал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-3.
Реал Мадрид пред ова коло имаше предност од четири бода на табелата во Примера дивизија и со победа ќе се одвоеше на недостижни седум бода во однос на Барселона и три од Атлетико Мадрид на девет кола до крајот. Сега трката за шампионската титула повторно е неизвесна. Реал и Атлетико имаат по 70 бода, а Барселона е зад нив со 69.
Натпреварот го отвори Иниеста со гол уште во седмата минута. По овој примен гол Реал заигра како што се очекуваше и успеа да на створи неколку добри шанси кои не ги искористи Карим Бензема. Тој во овој период дури три пати шутираше на голот. Сепак тоа му успеа во 20 и 24 минута со два гола и да направи целосен пресврт на резултатот.
До полувремето Меси кој вечерва постигна три гола, успеа да се запише во листата на стрелците и да го израмни резултатот на 2-2. По паузата Барса тргна на се или ништо. Тоа ги чинеше примен гол од пенал кој според многумина беше надвор од шеснаесетникот. Судијата Маљенко досуди пенал кој успешно го реализираше Роналдо.
Само осум минути подоцна Серхио Рамос по стартот над Нејмар заработи црвен картон и беше досуден уште еден пенал. Овој пат за Барселона, кој Меси успешно го реализираше.
До крајот на натпреварот судијата Маљенко кој беше главен актер вечерва на теренот досуди уште еден пенал во корист на гостинскиот тим по еден сомнителен старт над Иниеста. Меси тоа успеа да го искористи во 84 минута и и ја донесе победата на својата екипа од 4-3.
Мечот изобилуваше со неспортски потези кој судијата не успеа да ги види, но можеби шпанската фудбалска федерација дополнително ќе донесе санкции за ученсиците.
На табелата сега Реал и Атлетико имаат по 70 бодови само еден повеќе од Барселона.
Real Madrid 3-4 FC Barcelona All Goals & Full… by All_Goals
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.