| четврток, 6 декември 2018 |

„Одеса е руски град!“ – нови протести во Украина

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците на Одеса, клучен пристанишен град во Украина, на протести против властите во Киев.

Демонстрантите носеа знамиња на Украина, Русија и Крим, скандирајќи „Украина и Русија се заедно“, „Одеса е руски град“, „Одеса против нацисти и олигарси“ и „Референдум“.

Учесниците во протестите бараа властите да го пуштат од затвор Антон Давидченко, лидер на Народниот алтернативен совет за координација на јавните здруженија, и да престанат со прогонување на други активисти обвинети за ширење на сепаратизам.

Обраќајќи се кон демонстрантите, Сергеј Бовболан, член на Градскиот совет на Одеса, рече дека претставници на Киев всушност се во војна со сопствениот народ, бидејќи повеќето Украинци не ја поддржуваат нивната политика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top