| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Адолфо Суарез

Поранешниот шпански премиер Адолфо Суарез, кој ја предводеше Шпанија низ еден од најтурбулентните периоди во нејзината историја, по смртта на диктаторот Франсиско Франко, почина денеска во 81-та година од животот.

Суарез, кој повеќе години страдаше од Алцхајмерова болест, е хоспитализиран во понеделникот поради респираторна инфекција.
Тој се смета за заслужен за изградба на мостот меѓу „двете Шпании“ по смртта на Франко во 1975 година, а се избори и со обидот за воен удар во 1981 година. Исто така во 1977 година ја легализираше Комунистичката партија на Шпанија, која Франко немилосрдно ја прогони.
Шпанските граѓани го доживуваат Суарез како голем државник кој овозможил во длабоко поделената земја да се изгради нова демократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top